Агенцијата за цивилно воздухопловство ги известува сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на следниве населени места:

  1. Кочани, вклучувајќи ги с. Оризари, с. Тркање и с. Зрновци,
  2. Штип со околните места,
  3. Општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи ги с. Соколарци и с. Чифлик,
  4. Струмица со околните места,
  5. Пробиштип со околните места,
  6. Македонска Каменица со околните места,
  7. Виница, вклучувајќи го с. Митец,
  8. Скопје – гробишта о. Бутел, гробишта о. Ѓорче Петров, гробишта с. Горно Лисиче и гробишта с. Горно Нерези.

 

Неовластеното оперирање во забранетите зони не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.

Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.

Апелираме до сите оператори редовно пред секоја планирана операција да вршат соодветна најава и проверка на достапност на планираната зона за оперирање на:

www.drone.gov.mk