Охридските Хотелиери Оптимисти – Турски ТАВ ќе го заживее туризмот во Охрид
Вечер, 15.02.2010
Претставниците на ТАВ веќе еден месец работат и во делот на маркетингот. Нивните маркетиншки менаџери одржуваат состаноци низ цела Европа.
Само доколку на охридскиот аеродром има што повеќе летови, тогаш можеме да ја подобриме и туристичката дејност – вели Дончо Танески од ХОТАМ Туристичките работници очекуваат туристичко заживување на Охрид по преземањето на охридскиот аеродром од страна на турската компанија ТАВ.
Турските претставници од неодамна вршат скенирање на состојбата на аеродромот, а од наредниот месец ќе започнат и со управување со Свети Апостол Павле”. Според Дончо Танески, претседател на Асоцијацијата на хотелиерските работници – ХОТАМ, состојбите во туризмот ќе се променат на подобро по преземањето на аеродромот од новиот концесионер. – Веќе еден месец претставниците на оваа компанија работат и во делот на маркетингот. Нивните маркетиншки менаџери одржуваат состаноци низ цела Европа. Само доколку на охридскиот аеродром има што повеќе летови, тогаш можеме да ја подобриме и туристичката дејност.
Големо е значењето на аеродромот и туристичката промоција за развој на туризмот – вели Танески. Дел, пак, од туристичките работници, иако сметаат дека современ аеродром е причина за успешен развој на туризмот, сепак велат дека основен проблем е и непостоењето на дефиниран туристички производ, кој треба да не промовира надвор. Според нив сите чинители на туризмот треба заеднички да работат во подобрување на климата, се со цел привлекување на туристите.
Претставниците на ТАВ веќе оствариле и неколку средби со охридските хотелиери, туристички агенции, ресторани, за изнаоѓање можности за развој на туризмот, а со тоа и на авиосообраќајот. Од охридскиот аеродром велат дека Турците се задоволни и од моменталната состојба на Свети Апостол Павле”. Нивните очекувања се дека по подобрувањето на инфраструктурата на аеродромот, бројот на патници и летови значително ќе се зголеми.
Според најавите охридскиот аеродром ќе добие нова административна зграда, како и нова целокупна опрема за прифат на авионите, а ќе се прават и нови паркинзи. Засега привршуваат подготовките за преземањето на Свети Апостол Павле”, а потпишани се новите договори за работа на вработените. Според директорот на Свети Апостол Павле”, Борче Стефановски, никој од досегашните вработени нема да биде отпуштен од работа, ниту пак ќе му биде намален досегашниот личен доход. – Во новите договори кои се со важност од седум години, стои дека вработените како надоместок ќе примаат личен доход најмалку како оној што го примале досега – вели Стефановски.
Според договорот со турскиот ТАВ инвестицијата на охридскиот аеродром треба да се реализира за 20 месеци. Инаку, на охридскиот аеродром моментално има два лета неделно за и од Цирих.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк