МИА, 13.02.2010

 

Темишвар, 12 февруари (МИА) – Авион на романската авиокомпанија „Таром“ со 180 патници, кој сообраќаше на дестинација Букурешт – Валенсија, принудно слета во Темишвар, откако пилотите сигнализираа за појава на технички проблеми. – Авионот слета без инциденти, изјави директорот на меѓународниот аеродром во Темишвар, „Трајан Вуја“, Корнел Самартинјан.

Тој истакна дека патниците се префрлени во друг авион, кој го обезбедила компанијата „Таром“ за да ги превезе до Валенсија.