МИА, 19.02.2010

 

Вашингтон, 18 февруари (МИА) – Во минатата година во светот се случиле помалку авионски несреќи, но бројот на жртвите е зголемен, соопшти денеска Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт.

Во 2009 година имало 18 смртоносни несреќи поврзани со авиокомпании наспроти 23 во 2008 година. Сепак, бројот на жртвите е зголемен од 502 на 685. Во 2009 година имало 0,7 тешки несреќи на милион летови, втор најнизок коефициент откако се води таква статистика и е за една третина пониско од пред 10 години.

Поголем дел од смртните случаи во авионските несреќи од оваа година се должат на три несреќи. Имено, 228 луѓе загинаа откако се урна Ербас 220 на Ер Франс во Атлантскиот Океан. На 30 јуни авион Ербас 310 на Јемениа ервејз се урна во Индискиот Океан крај Комодорските Осторви и загинаа 152 лица.

Сите 168 патници од авион од руско производство кој летал на релација од Иран до Ерменија се урна по полетувањето од техеран на 15 јули. Во 2005 година во авионски несреќи загинале 1035 луѓе. Бројот на таков вид несреќи е за половина понизок во споредба со деведесетите години од 20 век.