МРТ, 19.02.2010

 

Американскиот производител на авиони Боинг би можел за четири години од европскиот ривал Ербас повторно да го преземе приматот најголем светски произведувач на цивилни авиони.

Ваков оптимизам владее меѓу раководството на Боинг, кој приматот на најдобар светски произведувач го загуби во 2003 година. Според весникот „Фајненшл Тајмс“ европскиот производител во 2009 година испорачал 498 авиони, додека Боинг испорачал 481 авион.

Директорот на производство на комерцијални авиони на Боинг, Џим Албо вели дека неговата компанија во 2009 година испорачала помалку авиони, бидејќи е концентрирана да го зголеми производството во 2012 и 2013 година. „Неодамна започнавме со испораката на Бонг 787, а побарувачката за моделите 737 и 747 постојано се зголемува“, изјави Албо.