МИА, 22.02.2010

 

Тел Авив, 21 февруари (МИА) – Израелските воено-воздухопловни сили претставија денеска големи беспилотни авиони, кои можат да летаат до Иран. Беспилотните авиони „Херон ТП“ имаат распон на на крилата од 26 метри, со што имаат димензии на патнички авион.

Тие можат да летаат во траење од 20 часа и претежно се користат за набљудување и за пренесување на товар. Авионите се произведени од државната компанија на Израелската воздухопловна индустрија и прв пат се употребени за време на офанзивата во Појасот Газа минатата година. Компанијата тврди дека тие можат да стигнат до Персискиот залив.

На церемонијата на презентирање на авионите во воздухопловната база Тел Ноф, израелските власти одбија да кажат колку летала има во флотата и дали тие ќе бидат употребени против Иран.