МРТ, 23.02.2010

 

Најголемиот хрватски авиопревозник Кроација Ерлајнс, најави штрајк, што најверојатно ќе почне во петок. Причина за штрајкот е спорот меѓу Управата за цивилна авијација и Синдикатот на кабинскиот персонал за новиот колективен договор, со кој што им се укинуваат нематеријални права и додатоци Претставниците на Синдикатот на кабинскиот персонал не попуштаат во своите барања, а Управата не покажува интерес да одговори.

Штрајкот според проценките, може да нанесе штета од околу 600 илјади евра, а тоа е сума, што може да ги задоволи барањата на вработените.