МРТ, 26.02.2010

 

Сите седум патници загинаа кога мал авион се сруши во близина на древните „линии на Наска“, соопштија перуанските власти. Според податоците, во авионот се наоѓале тројца државјани на Чиле и четворица од Перу. Авионот се срушил во туристичката област во пустината Наска во Перу, каде се наоѓаат геоглифи и фигури на животни и луѓе за кои се верува дека потекнуваат од третиот или четвртиот век од новата ера. Фигурите целосно може да се видат само одозгора, па летањето над нив претставува вистинска туристичка атракција. Наска линиите во 1994 година беа ставени на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.