МРТ, 01.03.2010

 

Словенечкиот национален авиопревозник „Адриа ервејс“ од денеска, по пауза од 18 години, воспоставува редовна линија за Белград. Како што соопшти белградскиот аеродром „Никола Тесла“, авионите на линијата за Белград ќе летаат шест пати неделно, секој ден освен во сабота. „Адриа ервејс“ стана 23 национален авиопревозник кој лета кон белградскиот аеродром. Српскиот авиопревозник „Јат ервејс“ за Љубљана лета четири пати неделно.