Алфа ТВ, 08.03.2010

 

Меѓуградскиот и железничкиот сообраќај во државата се одвиваат во зимски услови со мали задоцнувања, а аеродомите во Скопје и Охрид се отворени за сообраќај.Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека на сите магистрални и регионални патни правци сообраќајот се одвива отежнато и забавено во зимски услови, поради врнежи од снег.На патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 8 часот и 30 минути е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.Патот од Ресен до Битола преку планинскиот превој Ѓавато сеуште е во целосен прекин, а сите возила се пренасочуваат преку стариот пат Ресен – Битола во должина од околу пет километри.Според информациите на Меѓуградската автобуска станица, само на подолгите релации има мали задоцнувања, а со минимални задоцнувања се одвива и железничкиот сообраќај.На скопскиот аеродром „Александар Велики“ летовите се одвиваат без задоцнувања, а на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле, кој исто така е отворен за сообраќај, првиот лет е закажан за в сабота.