Заедно со изградбата на новиот терминал и давањето акцент на скопскиот аеродром како регионален, се дава можност за формирање повеќе авиокомпании
Скопје, 01.03.2010
Владата засега не искажала политика за формирање државна авиокомпанија веројатно водејќи се од состојбите во други држави каде претежно таквите компании покажуваат загуби и ја губат конкуренцијата со нискобуџетните, изјави за новинарите, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Зоран Крстевски, коментирајќи ги сугестиите од менаџерите на ТАВ, концесионер на македонските аердороми, кои сметаат дека државата треба да обезбеди национален авиопревозник за да се зголеми бројот на линии и патници.
Според Крстевски, Македонија ги следи европските стандарди во авиосообраќајот што подразбира голема либерализација, а денешното примопредавање на аеродромите на ТАВ сигурно ќе го поттикне авиосообраќајот во земјава.
– Македонија ја заврши првата фаза од европскиот договор за отворено небо. Тоа подразбира до крајот на октомври да бидеме во можност да обезбедиме т.н петта и шеста слобода за сите авиокомпании од Европа што значи дека регулацијата на слотовите на линиите ќе се префрли од Агенцијата за цивилно воздухопловство на аеродромите. Заедно со изградбата на новиот терминал и давањето акцент на скопскиот аеродром како регионален, се дава можност за формирање повеќе авиокомпании, истакна Крстевски.
Toj информира дека АЦВ со новиот закон за воздухопловство предвидува т.н. Паблик сервис облигејшен (ПСО) модел каде Владата на транспарентен начин може да објави линии и да ги субвенционира врз основа на интересите на граѓаните за поврзување со одредени европски центри како што се Брисел, Лондон, Париз… Во тој закон ќе биде дозволено и локалната самоуправа да може да инвестира во линии со што би се поттикнал и регионалниот развој, како што е случајот со Охрид и развојот на туризмот.
Прашан дали има шанси авиокомпанијата „Скај вингс“ да добие дозвола за редовен авиопревозник директорот на АЦВ одговори дека функционирањето како редовна или чартер компанија произлегува од високите европски стандарди за критериумите за безбедност и за исполнување на условите со број на авиони и посади. – Условени се и со обврска друга држава во билатерален договор да го прифати тој превозник. Отворени се постапките и со летнот ред на летање ќе се оцени дали некои од линиите ќе биде дадена во редовен авио сообраќај, посочи Кретевски.
До Агенцијата за цивилно воздухопловство моментно има апликации од две компании за добивање дозвола за пловидбеност и за работа, од МОНТ ер со бугарско-македонски капитал и МАТ ервејз со српски капитал. – Какви ќе бидат постапките зависи од исполнување на условите за добивање дозвола за летање, оцени Крстевски.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк