МРТ, 12.03.2010

 

Грција денеска ќе биде парализирана од нов 24-часовен штрајк организиран од двата најголеми синдиката во државата поради рестриктивните мерки на Владата. Поради штрајкот ќе биде блокиран железничкиот, поморскиот и воздушниот транспорт во државата. Во штрајкот ќе учествуваат вработените во министерствата, болниците, училиштата, даночните служби и цариниците. Лекарите во државните болници ќе реагираат само за итни случаи. Во штрајкот се вклучуваат и вработените во контрола на летовите. Вработените во судовите исто така ќе протестираат. Штрајк објавија и вработените во приватниот сектор, екипажите на бродови и вработените во пристаништата. Штрајкуваат и во Националната компанија – електростопанство, во ОТЕ и во поштите. Во следните 24 часа нема да работат ниту медиумите. Во 11 часот по локално време е најавен протестиот митинг на синдикатите под мотото „Ние нема да ја платиме кризата“. За денеска е закажан и штрајк на синдикатот на полициските службеници, јавуваат грчките медиуми.