Вечер, 15.03.2010

 

Мергими аирнет, Глобус турист, Арабела, Јадран туризам, Деби турс, Кан, Кони и Јоцо турс се осумте туристички агенции од Куманово кои паднаа на првата проверка. По контролата спроведена по бранот азилантски патувања наведените агенции заработија казни за неправилно работење. Не издавале фискални сметки и не воделе евиденција. Истрагата утврдува дали имало криминал во нивните туристички патувања. Најинтересни на списокот кумановски агенции се Фикрет туризам и Еуро турс. Овие две имале и договори со агенции од Прешево. Во европските земји превезувале и српски државјани. Сопстевникот на Фикрет туризам во изјава за Сител вели дека не ги наоѓал патниците, тој само го организрал превозот.- Не, не, ние само вршиме превоз. Сме биле двапати за Белгија и тоа пред еден месец, вели сопственикот на Фикрет туризам. Од агенцијата Арабела за Вечер потврдуваат дека патниците барале да патуваат во овие земји, но добиле објаснување дека нема да добијат азил.Финансиската документација на сите агенции е во рацете на полицијата. Ќе се проверува се што поминало преку нивните понуди. Ако се утврди дека ги лажеле граѓаните да патуваат за Белгија, ќе одговараат кривично.Иван КузмановскиСо авион вратени Ромите од НорвешкаАзилантите Роми од Норвешка се вратија во Македонија. Во саботата во 16:17 часот со чатер-лет на Аир Сведен летаа на релација Осло – Белград – Скопје. Во авионот што го платиле властите од Норвешка освен Македонци имало и азиланти од Србија, вкупно осумдесет лица. Ги придружувале и претставници од тамошното Министерство за азил. Оние кои доброволно прифатиле да се вратат во земјава, добија бесплатен авионски билет. Ова е трета група на азиланти кои доброволно се вратија во Македонија, откако сфатија дека барањата за економски азил нема да им поминат во Европа. Во четвртокот пристигна првата група од 25 азиланти од липковскиот регион, кои со автобуски превоз платен од властите во Белгија пристигнаа во земјава. Во петокот дел од азилантите сами си платија авионски билет, а последната група пристигна во саботата.