Иницијатива на ЛДП за воведување на автобуска линија до Аеродромот “Александар Велики“
Нетпрес, 25.03.2010
Кординаторот на советничката група на Либерално-демократската партија Зоран Шапуриќ, поднесе Иницијатива за воведување на автобуска линија на релација град Скопје – Аеродром “Александар Велики “. “Градот Скопје е еден од ретките градови, ако не единствен, во Европа во кој не постои никаков облик на јавен превоз до аеродром. Ова создава бројни проблеми за патниците кои полетуваат или слетуваат од Аеродромот “Александар Велики”. Поради тоа се наметнува потреба од итно воведување на редовна автобуска линија, по која автобусите би се обраќале од центарот на град Скопје до аеродромот и обратно и тоа неколку пати дневно, според редот на возење кој би бил подреден на распоредот на полетување и слетување на авионите на аеродромот. Линијата би била сосема рентабилна имајќи го предвид бројот на летовите” велат од ЛДП. Врз основа на изнесеното ЛДП предлага Советот на Град Скопје да го усвои следниот заклучок, Се задолжува градоначалникот на Град Скопје и ЈСП Скопје, итно да ги започнат активностите за воведување на редовна автобуска линија на релација град Скопје –Аеродром ,”Александар велики”, во с Петровец и обратно на релација Аеродром “Александар велики” , град Скопје и одвивањето на сообраќајот по оваа линија да започне да функционира во рок од 30 дена од донесувањето на овој заклучок.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк