Дневник, 26.03.2010

 

Меѓународниот аеродром Чанги во Сингапур го зазеде првото место на листата со најдобри аеродроми во светот што ја прави британската компанија „Скајтрекс“.Сингапурскиот аеродром е избран за најдобар во 2010 година, најдобар аеродром во Азија и најкомфорен во светот. На второ место на листата е „Инчон“ во Сеул, а на трето – аеродромот во Хонг Конг.Најдобар аеродром во Европа има Минхен, а берлинскиот аеродром „Шенфелд“ е најдобар за нискотарифни авиолинии. Во Африка најдобар аеродром има во Кејптаун, а аеродромот во Ванкувер е најдобар во Северна Америка. Во Јужна Америка најдобар аеродром е „Хорхе Чавес“ во Лима.Рејтингот се составува врз основа на анкети на неколку илјади патници и анализи од оцени на аеродроми и авиокомпании оставени на интернет-форуми на компаниите.