МРТ, 19.03.2010

 

Петтата генерација на Руско-Индиски воени авиони би можела да биде развиена до 2015/2016 година, изјавија руските власти. Се очекува од Москва и Њу Делхи да потпишат договор за заеднички развој на новиот воен авион во блиска иднина за концептот за дизајнот и за техничките детали кои ќе бидат направени од Индија. „Се надевам дека со здружени сили ќе изградиме петта генерација на воени авиони, во следните пет до шест години,“ изјави Александар Фомин, заменик директор на Федералното Биро за воена и техничка Соработка. Новиот авион најверојатно ќе биде базиран на рускиот прототип Т-50, кој веќе ги направи првите две тест летања и се очекува да и се приклучи на руската авијација во 2015 година. Индиската аеронаутика ќе учествува со 25% во делот на дизајнот и развојот на проектот.