А1, 20.03.2010

 

Летачкиот персонал на британскиот авиопревозник „Бритиш ервејс“ стапи во тридневен штрајк, откако пропаднаа преговорите меѓу раководството на компанијата и синдикатот. Главна причина за штрајкот е најавата за замрзнување на платите и измената на работните услови. Поради штрајкот, откажани се околу илјада летови, а во наредните три дена ќе се реализираат само 65 отсто од планираните линии на „Бритиш ервејс“ за протестот британскиот синдикат доби поддршка и од синдикатите од САД, Германија и Шпанија.