Нетпрес, 22.03.2010

 

Авионот “Тупољев Ту- 204“ се урнал рано утрово во близина на Москва, а повредени биле седум лица од осумчленовиот екипаж. Повредените биле префрлени во една болница во главниот град на Русија. Авионот полетал од египетското одморалиште Хургада, а требало да слета на московскиот аеродром “Домодедово“. Авионот го извел слетувањето под лоши услови, со смалена видливост, а од радарот исчезнал на околу еден километар од пистата. Спасувачките служби реагирале брзо, па го пронашле оштетениот авион во шумата близу аеродромот и го евакуирале екипажот. Причината за несреќата за сега не е познат, а руските медиуми наведуваат дека веќе била формирана комисија што ќе го истражува овој настан.