Со летниот ред на летање на Скопскиот Аеродром- Седум нови авиокомпании гости на Александар Велики
Вечер, 27.03.2010
Во претстојната летна сезона ќе има зголемување на воздушниот сообраќај на скопскиот аеродром Александар Велики. Седум нови авиокомпании ќе летаат од скопскиот аеродром со новиот летен ред на летање што започнува од утре и ќе важи до крајот на октомври. Станува збор за швајцарската авиокомпанија Edelweiss Air која четири пати неделно ќе носи патници од и до Цирих. Четири пати во неделата кон Цирих ќе лета и компанијата Хелветика. Директна линија Скопје-Рим ќе воспостави италијанската компанија Meridiana која ќе лета секоја сабота на оваа релација. Два пати во неделата Скопје-Амстердам ќе лета холандската авиокомпанија Transavia, а исто толку летови овој превозник ќе обавува на релација Охрид-Амстердам. Новите стопани на двата домашни аеродроми, туркиот концесионер ТАВ кој од први март ги презеде Александар Велики и Св. Апостол Павле, привлече четири нови авиокомпании од Турција да летаат од скопскиот аеродром. Така, по два пати во неделата Скопје со туристичката мека Анталија ќе ги поврзуваат турските авиокомпании Sunexpress, Corendon airlines i Tailwind airlines. Исто така, турската авиокомпанија Lotus Air ќе обавува по 10 летови на релација Скопје-Хургада. Со летниот ред на летање, најмногу летови – 54, му се одобрени на домашниот авиопревозник Airlift service кој ќе обавува летови кон Цирих, Рим, Виена, Дизелдорф, Истанбул и Брисел. Вкупно 42 летови му се одобрени на црногорскиот авиопревозник Montenegro airlines кој секојдневно ќе лета на релација Скопје-Подгорица. Српската авиокомпанија ЈАТ airways со летниот ред на летање доби 29 летови и тоа 28 на релација Скопје-Белград, а во вторниците ќе лета и од Охрид. На словенечката авиокомпанија Adria airways и се одобрени 23 летови на релација Скопје-Љубљана, 16 пати во неделата Croatia airlines ќе лета Скопје-Загреб, а 14 пати неделно летови ќе има Malev на дестинацијата Скопје-Будимпешта. За Виена 11 пати неделно ќе лета Austrian airlines, по седум пати во неделата ќе летаат Turkish airlines кон Истанбул и Czech airlines кон Прага. Шест пати неделно ќе лета и Булгариа аир кон Софија. Карго летови од Скопје кон Софија и Тирана со летниот ред на летање ќе има и авиокомпанијата Air Max на која и се доделени вкупно 10 летови неделно.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк