Турските газди на Македонските Аеродроми ДЕЦИДНИ – ТАВ нема да го менува името на “Александар Велики”
Вечер, 09.04.2010
-Ние не сме непријатели на Македонија и ќе ги почитуваме вашите емоциии и нема да го менуваме името на аеродромот. Алекандар Велики бил голем човек и ние го почитуваме тоа, но од медиумите бараме соработка, нагласи генералниот оперативен директор на TAV Airports Holding, Мурат Орнекол Турската компанија ТАV, која од први март годинава ги презеде двата македонски аеродроми, ќе продолжи да инвестира во реконструкција на авиопристаништата со сопствени средства и нема да го менува името на скопскиот аеродром. Генералниот оперативен директор на TAV Airports Holding, Мурат Орнекол, на вчерашниот брифинг со новинарите немаше да каже нешто поконкретно што прават на терен, откако го презедоа управувањето со аеродромите, освен дека почнале со оградување и копање на просторот за изградба на предвидените објекти и дека вистинските активности би можеле да се очекуваат за месец-два. – Во очекување сме на средства од комерцијалните банки со кои сме во преговори и наскоро очекувам финилизирање на договорите за кредити. Засега имаме поддршка од вицепремиерот и министерот за транспорт во македонската Влада – истакна Орнекол. Според него преговорите со Европската банка за обнова и развој за ангажирање на средства о оваа банка не им успеале, бидејќи во моментот на барање на кредитот како товар го имале и штипскиот аеродром. – Со одложувањето на изградбата на штипскиот аеродром за десет години, работите се променија. Засега не сме ја контактирале банката повторно, но ако чукнеме на нејзината врата, сигурно дека ќе добиеме средства – нагласи Орнекол. Тој ги демантира гласините дека ТАВ ќе го смени името на скопскиот аеродром “Александар Велики”.- Ние не сме непријатели на Македонија и ќе ги почитуваме вашите емоциии и нема да го менуваме името на аеродромот. Алекандар Велики бил голем човек и ние го почитуваме тоа, но од медиумите бараме соработка – беше дециден Орнекол. Генералниот оперативен директор на TAV Airports Holding нагласи дека ја разгледуваат опцијата турскиот национален авипревозник Туркиш ерлајнс да стане и македонски национален авиопрвозник, но дека истовремено се преговара и со други авиокомпании, вклучително и македонски. Орнекол истакна дека градежните работи на аеродромите ќе ги води фирмата ТАВ конструктор”, но дека како подизведувачи ќе бидат ангажирани од пет до шест македонски фирми. За Орнекол е во ред што цените на производите во аеродромскиот фришоп и на бифето се зголемени откако ги презедоа аеродромите, бидејќи смета дека нивото на квалитетот на услугите сега е многу повисок. Тој најави дека планираат да воспостават конкуренција во снабдувањето со керозин за авионите со цел да се намалат цените на авионското гориво што го нуди Макпетрол, поради што се во преговори со Лукоил и со ОКТА. Орнекол рече дека во моментов нема интерес од нивна страна да се воведе редовна автобуска врска меѓу Скопје и аеродромот Александар Велики”.- Треба да се направи физибилити студија за оправданоста за ваква редовна линија. За ангажирање на најмалку четири автобуси ќе треба да се инвестираат околу милион евра. Во моментов бројот на патници не задоволува така што ова ќе почека некои подобри времиња – истакна Орнекол.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк