А1, 15.04.2010

 

Пилотска грешка веројатно ја причинила несреќата со полскиот авион во саботата во близина на Смоленкс во Русија, кога загина претседателот Лех Качински и уште 95 лица. Тоа го покажуваат првите експертизи на црните кутии на леталото, соопшти извор близок до истрагата.

Руските власти веќе утврдија дека трагедијата не била предизвикана од експлозија или од пожар.