Вечер, 19.04.2010

 

Откажани беа летовите и од двете домашни авиопристаништа, бидејќи како што известија од Управата за хидрометеролошки работи, постои голема веројатност облакот со вулканска прав да дојде и до северните делови на Република Македонија, но во многу слабо изразена форма Облакот со пепел од исландскиот вулкан се насочува кон југот на Европа предизвикувајќи застој во европскиот воздушен сообраќај веќе петти ден по ред.

Десетици илјади лица останаа заглавени на аеродромите во светот поради затворањето на воздушниот простор над речиси сите европски држави. Затворени се и сите аеродроми северно од Македонија – во Босна и Херцеговина и Хрватска, како и над Словенија, Србија, Романија, и Црна Гора, а од вчераутро од осум часот не работат ни аеродромите во Бугарија. Поради затвореноста на северниот дел на хрватскиот воздушен простор од вулканската пепел, хрватскиот авиопревозник Кроација ерлајнс ги откажа речиси сите летови.

Откажани беа летовите и од двете домашни авиопристаништа, бидејќи како што известија од Управата за хидрометеролошки работи, постои голема веројатност облакот со вулканска прав да дојде и до северните делови на Република Македонија, но во многу слабо изразена форма.

Авионските компании кои ги известуваат заглавените патници за тоа кога ќе може да ги одведат на посакуваните дестинации, предупредуваат дека расчистувањето на сегашниот хаос на аеродромите може да потрае подолго во текот на недалава и да се чувствува во авионскиот ред на летање уште извесен период. Воздушниот простор над Франција ќе биде забранет за сообраќај до утринава, а од вчераутро се затворени и аеродримите во Марсеј и Ница на југот од земјата.Северниот дел на Италија ќе биде затворен за авиосообраќај до осум часот, додека во Австрија се откажани сите летови.Во Скандинавија беа откажани сите летови за викендов, а воздушниот простор ќе остане затворен до два часот по полноќ. Аеродромите во Украина беа отворени за сообраќај до 11 часот, додека во Белорусија се дозволени летови само во зоната на височина од 6 до 11 километри. Во Русија се отворени аеродромите, но сите летови кон европските земји, околу 500 на ден, се откажани.Воздушниот простор над Чешка ќе биде затворен за авионскиот сообраќај до денеска до 12 часот напладне.

Полските власти вчера го отворија воздушното пространство над Полска, но само за летови над нејзина територија на височина од над 6.000 метри.- Облакот од вулканска пепел се спушти пониско, што значи дека небото над него станува почисто. Затоа решивме од четири часот по Гринич (шест часот по средноевропско време) да го отвориме водушниот простор за авиони што летаат на височина од над 6.000 метри – соопшти претставник на полската Национална агенција за водухопловство.

Авиони на холандската авиокомпанија “КЛМ” и на германската “Луфтханза” вчера извршија успешни пробни летови над територијата над Западна Европа и по успешното слетување на нив не се откриени никкави штети од облакот од вулканска пепел, што го запре воздушниот сообраќај над поголемиот дел од европскиот континент. Пробниот лет за “КЛМ” го изврши авион од типот “Боинг 737-800”, кој летал над територијата на Холандија на височина од 10 до 13 илјади метри. “Луфтханза” пак изврши пробни летови со десет авиони, кои летале од Минхен до Франјкфурт на височина од три до осум илјади метри. По слетувањата кај ниту еден авион не се забележани никакви штети. “КЛМ” соопшти дека ќе се обиде да ги врати своите седум авиони што останаа заглавени во Германија и во Амстредам и дека се надева оти ќе добие дозвила за делумно обновување на воздушниот сообраќај.

Метеоролошкиот институт на Исланд соопшти дека е регистрирано намалување на вуланската активност и дека од кратерот сега излегуваат помали количества пепел и земјена маса. Височината на чадот што излегува од вулаканот е намален од претходните 6 до 11, на 5 до 8 километри. ПОРАДИ ВУЛКАНОТ Тројца Македонци заглавени на Исланд Македонка Илиевска, Златко Митревски и Софија Ристевска, театарски работници од Македонија, не можат да го напуштат Исланд, поради ерупцијата на вулканот што го парализира авиосообраќајот во дел од Европа. Тројцата Македонци присуствувале на театарски семинар во градовите Рејкјавик и Холмавик и не можат да отпатуваат од земјата додека ситуација во вулканот не се нормализира. Тие се жалат дека во Исланд нема македонска амбасада, ниту конзуларно претставништво и нивниот дополнителен престој таму може да им биде многу долг.