А1, 18.04.2010

 

Утринава се случија и првите пробни летови од аеродромот во Амстердам. Дваесет лета до Минхен и уште десет авиони беа пуштени низ холандска територија.

Но и покрај тоа што пробните утрински летови им дадоа надеж на патниците сепак аеродромот останува затворен до осум часот вечерва, барем според официјалните информации од аеродромот, но со оглед на тоа што продолжуваат да се откажуваат летовите и по осум, мала е веројатноста дека аеродромот ќе се отвори денес.

Медиумите дури најавуваат дека затворање до вторник, агонијата на патниците продолжува. Илјадници немаат каде да спијат веќе четири дена. Делови од аеродромот се повеќе почнуваат да личат на кампови, зошто во Амстердам нема повеќе слободни кревети, практично патниците се во вакуум.

Нема хостели и мотели, но нема ни начин да се замине, возовите и автобусите се полни до среда и се уште нема слободна кола за рент-а-кар. Остануваме со надеж дека вечерва во десет часот летот за Скопје преку Виена ќе се оствари.