Модернизацијата на аеродромите одложена за в лето
09.04.2010
ТАВ тврди дека се преземаат подготвителни работи на терен и оти преговара со градежни фирми за реализација на инвестицијата од 200 милиони евра, која планира да ја затвори со неколку комерцијални банки Раководството на турски ТАВ, концесионерот на македонските аеродроми, најавува почеток на главните градежни активности за изградба и модернизација на аеродромите најмногу за еден и пол месец. Тврди дека се преземаат подготвителни работи на терен и оти преговара со градежни фирми за ангажман во реализација на ветената инвестиција од 200 милиони евра, која ја почнува со сопствени пари, но планира да ја затвори со неколку комерцијални банки.- Имавме обврска да почнеме од 1 март, но има активности што треба да се направат однапред како што се дизајнот и одобренија што не зависат од нас, односно голем дел од нив зависат од Владата и чекаме да ги добиеме. Но, во исто време почнуваме со сите работи и не чекаме само на одбренијата. Преговараме со подизведувачите на кои им кажуваме дека ќе почнат со работа за еден месец до еден и пол месец – изјави вчера Мурат Орнекол, главен оперативен директор на турски ТАВ, кој го презеде управувањето со аеродромите на 1 март.Главните работи за изградбата, реконструкцијата и модернизацијата на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, на кои се обврза со 20-годишниот концесиски договор, ќе ги раководи компанијата на ТАВ – „ТАВ констракшн“. Во тек се преговори со повеќе македонски градежни фирми за ангажман како подизведувачи. Во модернизацијата на скопскиот аеродром, ТАВ сака да ангажира шест градежни фирми и неколку за охридскиот, но се’ уште не се избрани имињата.На новинарско прашање зошто Европската банка за обнова и развој остана незаинтересирана за финансирање на нивниот проект во аеродромите во Македонија Орнекол одговори оти пресудно било оптоварувањето со инвестицијата за изградбата на карго-аеродромот во Штип, која подоцна со анекс на концесискиот договор беше одложена за 10 години.- Во тоа време постоеше товарот од штипскиот аеродром во финансискиот дел, кој всушност ни ја направи таа проблематична позиција. Но, по одложувањето на градежните работи за по десет години, не ја контактиравме банката бидејќи ова одложување навистина ја менува финансиската структура. Ако побаравме, можеби ќе имаше соработка, но во меѓувреме бевме задоволни од услугите што ги добивме од други банки – рече Орнекол.Тој информира дека се’ уште нема конечна одлука за воведување директна автобуска линија за поврзување на скопскиот аеродром со центарот на градот.ТАВ го продолжи договорот со доставувачот на керозин „Макпетрол“, но истовремено се обидува да привлече и други компании, како што се „Окта“ и „Лукоил“ за да обезбеди поголема конкуренција и да ги намали цените.Според Орнекол, затекнатите резерви со материјалот за одмрзнување на авионите и пистата при преземењето на аеродромите, не бил со задоволителен квалитет, а поради можните ризици е склучен договор со друга фирма.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк