A1, 21.04.2010

 

Укинатите летови поради облакот од вулканска пепел што го затвори европското небо, може да ја чини економијата на САД 650 милиони долари. Доколку се случи тоа на конец ќе висат 6.000 работни места, велат од Американската патничка асоцијација (American travel association). „Загубите за економијата кои дневно, во просек, изнесуваат 130 милиони долари покажува дека цел туризам и бизнис од секаков вид се во опасност.

Безбедноста секогаш треба да има доминантна улога, но економиите, особено реконструкцијата од рецесијата, не можат да си дозволат целосно задушување на патувањата“, изјави претседателот на патничката асоцијација Роџер Доу.

Авиопревозниците на Европа и САД станаа сведоци на укинувањето на 78 отсто од летовите во изминативе 5 дена, велат од здружението, истакнувајќи дека секој лет кон САД може да претставува 450.000 долари придонес на патниците за економијата.

Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.