Нетпрес, 16.04.2010

 

Девет лета од скопскиот аеродром “Александар Велики“ кон европските дестинации се откажани утрото поради затворањето на аеродромите во европските држави.

Според информациите од аеродромот, откажани се летовите за Прага, Будимпешта и за Брисел. Откажани се четири летови кон Прага на Ер Франс, Алиталија, Делта Еи лајнс и ЧСА, кон Будимпешта се откажани летовите на Малев, Бритиш Ервејс и Ибериа Ерлајнс. Откажан е летот во 19 часот кон Брисел на скопскиот авио превозник Ерлифт.

Денеска повеќе од стотина летови се откажани од речиси сите аеродроми во Велика Британија, Франција и САД поради големиот облак вулканска пепел што излегува од вулканото на Исланд.