МРТ, 07.04.2010

 

Аеродромот Јоже Пучник во Љубљана од денеска до 21 април е затворен за сообраќај поради реновирање на пистата. Летовите за Љубљана на авиокомпаниите Адриа Ервејс и Туркиш Ерлајнс ќе бидат пренасочени кон аеродромот во Марибор, Ер Франс ќе лета до Трст, а Изиџет, ЧСА, Монтенегро Ерлајнс и ЈАТ Ервејс за време на реновирањето ги откажаа своите летови за и од Љубљана. Со реновирањето ќе се зголеми безбедноста на пистата долга 3300 метри и широка 60 метри. Асфалтирана во 1978 година, пистата последен пат била обновена пред 18 години.