Алфа ТВ, 14.04.2010

 

Три лица загинаа при уривање на американскиот воен авион во сојузната држава Џорџија, соопшти портпаролот на Воздухопловна служба на Воената морнарица на САД, Хери Вајт.

Според Вајт, во тек е потрага по уште едно лице за кое се верува дека било во урнатиот авион. Тој нагласи дека загинатите биле членови на екипажот на леталото.- Авионот беше на рутинска вежба низ округот Фанин, кога се урна на околу два часа северно од Атланта, рече Вајт, додавајќи дека засега не се познати причините за падот на леталото.Американските медиуми во првите извештаи информираа дека авионот при падот удрил во куќа, но шерифот во округот Фанин соопшти дека авионот прелетал „многу блиску“ до една куќа пред да падне во блиската шума