Нетпрес, 15.04.2010

 

Авион Ербас А330 на авиокомпанијата Катаи Пацифик од Хонг Конг кој полетувал од Сурабај во Индонезија, синоќа принудно слетал во Хонг Конг поради дефект на моторот, а околу 300 патници и 14 членови на екипажот биле евакуирани, пренесуваат светските медиуми. Осум лица се повредени и префрлени во болница, изјавил Тони Тајлер, генералниот директор на компанијата. Тој додал дека биле можни проблеми со моторот при самото слетување, но истакнал дека истрагата е во тек. Од управната цивилна авијација било соопштено дека избувнал мал пожар на едниот мотор по слетувањето, но дека пожарникарите успеале да го изгаснат.