А1, 19.04.2010

 

Облакaкот од пепел од исландскиот вулкан стигна до сибирската река Енисеј и се движи кон исток. Европската Унија соопшти дека денеска можеби ќе се воспостави половина од авионски сообраќај. Според шпанското претседателство, за проблемот треба да се решава на европско ниво, а не секоја држава посебно. Вчера неколку европски авиокомпании изведоа пробни летови без патници и покрај предупредувањата на опасност. Метеоролозите предупредуваат дека ситуацијата и натаму е нестабилна и се менува во зависност од ветровите, но и нерегуларните ерупции на вулканот на Исланд.