МИА, 13.05.2010

 

Авиопревозникот „Ерлифт сервис“ доби дозвола од Агенцијата за цивилно воздухопловство да врши редовен авиопревоз на дестинациите на кои што лета. Линиите кон Рим, Виена, Истанбул, Цирих и Дизелдорф, на кои досега авиокомпанијата сообраќаше чартер, согласно дозволата, има обврска да ги реализира редовно независно од бројот на патниците. Според АЦВ, за да може да сообраќање како редовен авиопревозник „Ерлифт“ треба да објави ред на летање.