МИА, 13.05.2010

 

Мароканскиот меѓународен аеродром „Мохамед Петти“ во градот Казабланка денеска одново беше затворен поради облакот од пепелта од вулканот во Исланд.

Аеродромот ја запре работата, откако утринава неколку часа беше отворен. Околу 80 проценти од целиот воздушен сообрачај во Мароко преминува преку аеродромот „Мохамед Петти“. Од вчера аеродромите во Тунис исто така се засегнати од нарушувањата во воздушниот сообраќај од Европа поради облакот од вулканска пепел од Исланд, соопшти денеска туниското Министерство за транспорт. – Ниту еден лет не беше откажан денеска во Тунис, имаше само задоцнувања, истакна претставник на Министерството за транспорт.