Откриени телата на 100 загинати патници на авионот на „Ер Индија“, пронајдена една црна кутија
МИА, 23.05.2010
Спасувачите ги извадија изгорените тела на 100 загинати патници на авионот Боинг 737-800 на „Ер Индија“ што се урна утринава во близина на индискиот град Мангалор, во државата Карнатака на југот на Индија.
Според најновите информации, седум лица ја преживеале несреќата и во моментот се лекуваат во болници во Мангалор. Малку е веројатно да има и други преживеани. Повеќето загинати се изгорени до непрепознатливост. На местото на несреќата се испратени 40 возила на брза помош, кои треба да ги одведат телата до мртовечниците во локалните болници. Во авионот Боинг 737 патувале 160 патници и шест членови на екипажот. Тој се разбил на парчиња во шумска клисура, откако ја промашил точката за безбедно слетување на пистата на аеродромот во Мангалор. Портпаролот на авиокомпанијата Џитендер Бхаргава, изјави дека авионот се приземјил со поголема брзина и излетал од пистата, разбивајќи се во шумската област во близина на аеродромот.
Во моментот на трагедијата врнело дожд, но според него, „се уште е рано да се прават заклучоци за причините за несреќата“. Претходно, извори од полицијата изјавија дека е можна пилотска грешка. – Авионот падна во шумата, пред паѓањето леталото почна силно да се тресе и се слушна силен звук, изјави еден од преживеаните. – Авионот се приземји, но силно заврте на страна, се слушна силен звук, почна силен тресок и авионот се распадна на делови. Јас скокнав низ пукнатината и трчав околу 500 метри. Потоа авионот се запали, изјави за локалната телевизија Омар Фарук.
Според него, сите места во авионот биле пополнети, а меѓу патниците имало и деца. Пилотот и копилотот на патничкиот авион „Ер Индија“, биле искусни, секој од нив со по неколку илјади часови лет, соопшти авиокомпанијата.
Пилотот-командир Златко Глушица, британски државјанин од српско потекло и индискиот копилот Х.С. Алувалија загинаа во несреќата. Педесет и петгодишниот Глушица е еден од неколкуте странски пилоти, најмени од „Ер Индија“. Тој зад себе имал над 7.000 часови летање и повеќепати пилотирал по маршрутата Дубаи-Мангалор. Летањето во Мангалор се смета за тешко, бидејќи аеродромот е поставен врз рид, обграден со длабоки клисури само на 30 метри од пистата. Никој во авионо не пратил сигнал за несреќа пред самата катастрофа. При приближувањето на авионот кон пистата врнело дожд, но видливоста била шест километри, што е доволно, истакна портпаролот на „Ер Индија“.
Еден од директорите на „Ер Индија“, Ануп Шривастава изјави дека авионот Боинг 737 бил нов, немал технички проблеми и бил во употреба од пред две и пол години. Во меѓувреме, на местото на несреќата на авионот Боинг 737-800 е пронајдена едната црна кутија, соопшти претставник на „Ер Индија“. Таа ќе биде предадена на експерти за проучување, посочи тој. За учество во истрагата за несреќата во Индија ќе пристигне група експерти од американската компанија Боинг. Група експерти заминала и од Мумбај за Мангалор, за да ги истражи причините за трагедијата.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк