МИА, 23.05.2010

 

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Друцас денеска го отфрли предлогот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за разоружување на грчките воени авиони кои летаат над Егејско Море. – Турција не бара дозвола за прелетите кога го нарушува грчкиот воздушен простор.

Да не заборавема дека се уште постои воена закана од страна на Турција. Разоружувањето на авионите не ги намалува тензиите и ризикот од инцидент. Тоа што треба да исчезне е заканата, наведе Друцас. Предлогот за разорушување на авионите кои патролираат над Егејско Море беше даден за време на неодамнешната посета на Ердоган на Атина.

Грција и Турција покрај спорот за територијалните води имаат спор и за воздушниот простор над Егејско Море. Чести се нарушувањата на територијалните води и воздушниот простор и на Грција и на Турција.