Алфа ТВ, 21.05.2010

 

Тела на патници и делови на авион нашле спасувачките екипи во планинска област во близина на Кабул. Леталото падна на 17 мај во Авганистан изјавил за АФП министерот за сообраќај Мохамадул Баташ. Авганистанскиот министер кој бил на лице место рекол дека имало снег и многу силен ветар, што ја отежнувало спасувачката акција. Авионот “Антонов 24“ на приватна авганистанска авиокомпанија “Памир ервејс“ со 43 патници и членови на екипажот се урна во понеделникот во планинската област Саланг. Летот бил на линија Кундуз до кабул, а според првичните информации причина за падот биле лошите временски услови.