Независна експертиза за падот на армискиот хеликоптер
Алфа ТВ, 04.05.2010
По неколкумесечна преписка, во Македонија конечно пристигна Едвард Пули. Британскиот експерт за воздухопловни несреќи треба да помогне во откривањето на вистината – зошто загинаа 11 македонски мировници кај катлановско Блаце на 12 Јануари 2008.
По едночасовната утринска средба со истражниот судија Славјанка Јаневска, во Основниот суд Скопје 1, Пули сепак не беше расположен да ја коментира документацијата која веќе ја има кај себе – зошто паднал армискиот хеликоптер. – „Јас ќе го предадам својот извештај на обвинителството и тие ќе одлучат дали ќе ги објават информациите во него.
Извештајот го работам за нив, а не за јавно објавување па тие нека одлучат како ќе постапат“ – изјави Пули по средбата.Британецот, чии хонорар ќе изнесува 55.000 фунти, го обегна и контактот со роднина на еден од загинатите војници под образложение дека тој работи само за истрагата.Од она малку пак што можеше денеска да се дознае од судот е дека Пули во следните два дена ќе ги разгледа доказите за падот на армискиот хеликоптер.
За денеска било потврдено само дека ќе ги посети воените хангари на аеродром Александар Велики каде се чуваат остатоците од паднатиот хеликоптер. Кога ќе биде готово неговото вештачење сепак за сега не се знае. Армискиот хеликоптер МИ-17 падна пред 2 години и четири месеци. Несреќата однесе 11 животи. И покрај трите извештаи за несреќата и големата штета предметот сеуште е во фаза на истрага. Само за изборот на експертот Пули надлежните служби потрошија цела година.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк