Алфа ТВ, 11.05.2010

 

Се очекува облакот од вулканска пепел, кој од подрачјето на Атлантскиот Океан утрово стигна до Иберискиот Полуостров и југот на Франција, ќе продолжи да се движи кон североисточниот дел на Европа, соопшти денеска Европската агенција за контрола на авиосообраќајот.

Вулканскиот облак утрово се најде над јужна и централна Шпанија и Португалија, вклучувајќи ги Канарските Осторви и Мадеира. Во Шпанија денеска се затворени седум аеродроми.

Облакот од вулканска прашина се расчистува над Атлантскиот Океан што ќе овозможи нормален трансатлантски авиосообраќај. Ерупцијата на вулканот Ејадјакајокул на Исланд непрекинато трае од 13 април.