Нетпрес, 14.05.2010

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Зоран Крстевски доставил оставка до Владата. Неговата оставка доаѓа по донесувањето на измените на Законот за воздухопловство што ги изгласи Парламентот. Со последните измени сега Агенцијата за цивилно воздухопловство од владина преминува во целосно независно и функционално регулаторно тело. Се менува начинот на управување и се воспоставува Управен одбор и директор. Сега Собранието го именува Управниот одбор, а директорот одборот го бира по пат на јавен оглас. Крстевски не сакаше за Нетрпес да даде изјава, само кратко рече “не давам изјави“.