Алфа ТВ, 17.05.2010

 

Патнички авион со приближно 40 лица во него денеска се урна на стотина километри северно од Кабул, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на началникот на полицијата на аеродромот во авганистанскиот главен град Кабул.

Авионот на локалната авиокомпанија „Памир ервејз“ изведувал лет од градот Кундуз кон Кабул, изјави гувернерот на провинција Кундуз.Тој додаде дека меѓу патниците имало неколку странци.