Судот во Лондон го прогласи за нелегален штрајкот на „Бритиш Ервејс“
Алфа ТВ, 18.05.2010
Вишиот суд во Лондон го прогласи за нелегален штрајкот на кабинскиот персонал во авионите на британската компанија „Бритиш Ервејс“ (БА), затоа што откри дека синдикатот „Унита“, организатор на штрајкот, не ги има извршено сите потребни процедурални работи, што се неопходни за неговата легалност, соопшти дописникот на МИА од Лондон.
Поради таквото судско решение, штрајкот на дел од вработените во БА, што требаше да почне од ноќеска на полноќ, е забранет и тој нема да се одржи.Претставник на компанијата изрази задоволство од таквото решение, но објасни дека одлуката на судот дошла премногу доцна во понеделникот, за да може да се одржат нормално сите летови што „Бритис Ервејс“ ги имаше планирано за денеска.
Уште од порано, управата на компанијата се подготви за работа во „вонредни услови“, па ги сведе на половина предвидените летови од аеродромот „Хитроу“ што важи и како база на БА.Иако денеска нема штрајк, само нешто над 50 отсто од летовите од „Хитроу“ ќе може да се изведат, како што е планирано, но стотина летови од странство остануваат откажани, потврди претставникот на авионската компанија.
Сите летови на БА од вториот по големина лондонски аеродром „Гетвик“, денеска ќе бидат изведени како и во нормалните услови за работа. Синдикатот „Унита“ реагираше гневно на судската одлука и најави жалба, што се очекува уште во текот на денешниот ден.
Претставник на синдикатот изјави дека „победата“ на компанијата е само привремена и дека штрајковите што се предвидени за овој месец ќе бидат организирани.Претходно, „Унита“ соопшти дека во текот на мај и на почетокот на јуни, ќе организира четири штрајкови од по пет денови. Првиот требаше да почне ноќеска, а следниот на 24 мај. Веќе 15 месеци, „Бритиш Ервејс“ и синдикатот „војуваат“, не можејќи да постигнат спогодба околу новите услови за работа и платите на кабинскиот персонал на авионите на оваа британска компанија.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк