Нова Македонија, 08.06.2010

 

Авион од типот „боинг 737-400“ на московската компанија „Трансеро“, вчера принудно слетал на аеродромот Томачево во Новосибирск, пренесува МИА
Руските власти соопштиле дека авионот, во кој имало 120 патници и шест
члена на екипажот, успешно слетал и покрај запалениот стоен трап.

За време на принудното слетување на авионот немало повредени лица.

Според локалните медиуми, авионот претходно подолго време кружел во близината
на Новосибирск за да го потроши горивото.