м, 11.06.2010

 

Берлин, 10 јуни 2010 (МИА) – Конзорциумот на чие чело се наоѓа европскиот производител на авиони „Ербас“ го произведе првото летало на светот со погон на чисто биогориво од алги, која успешно изврши пробен лет на берлинскиот авиомитинг ИЛА 2010.

Мерењето на издувни гасови покажа дека биогоривото од алги содржи осумпати помалку јаглеродводород отколку керозинот. Успешниот лет, што беше извршен во вторникот, вториот ден од берлинскиот аеромитинг, кој трае до 13 јуни, најверојатно ќе ги охрабри истражувачите да го експлоатираат биогоривото како еден од начините за намалување на еколошките последици од летовите.

Алгите од кои е добиено биогоривото имаат предност што можат да растат на лош квалитет на земја или во загадена вода. ми/14:24