МИА, 10.06.2010

 

Скопје, 10 јуни 2010 (МИА) – Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска со свеченост ќе биде одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) на Армијата на Република Македонија – 10 јуни.

На свеченоста е најавено присуство на заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Зоран Димов и други гости. Основната мисија на вВИНГ е остварување блиска воздушна огнена поддршка на маневарските единици на АРМ, како и учество во мировни и мисии од хуманитарен карактер предводени од НАТО, ЕУ и ОН, справување со конфликти од регионален карактер, како и поддршка на институциите во Република Македонија при справување со природни непогоди и други несреќи.

Постоењето на вВИНГ се темели врз одлуката на претседателот на Република Македонија од 10 април 1992 година, со која е формирана командата на военото воздухопловство и противвоздушна одбрана (ВВ и ПВО) на АРМ во чии состав влезе воздухоплопловната бригада со авијациски, транспортен и борбен хелокоптерски сквадрон. лѓ/лв/8:28