Нова Македонија, 16.06.2010

 

Новата компанија „МАТ ервејс“ Скопје, која ја основаа српски компании, доби дозвола за летање од Агенцијата за цивилно воздухопловство, информираат од компанијата.
По долга, темелна и професионална проверка на поднесената документација, македонските власти и одобрија на компанијата почеток на работата.

Новата компанија е сопственик на авион од типот „боинг 737-500“, кој ќе лета
на бројни европски дестинации, а во наредниот период „МАТ ервејс“ Скопје
сета своја сила ќе ја насочи кон набавка на нова флота.