МИА, 07.06.2010

 

Москва, 7 јуни 2010 (МИА) – Авион од типот Боинг 737 -400 на московската компанија „Трансаеро“, со 120 патници и шест членови на екипажот, утрово успешно принудно слета.

Слетувањето е изведено на аеродромот Томачево во Новосибирск и покрај запалениот стоен трап. За време на принудното слетување на авионот, чии стоен трап го зафатил оган за време на полетувањето од Новосибирск на линијата за Москва, никој не е повреден.

Авионот претходно подолго време кружел во близина на градот за да го потроши горивото. ссм/9:20