МИА, 24.06.2010

 

Квебек, 23 јуни 2010 (МИА) – Седум лица денеска загинаа кога авион двомоторец се урна во еден двор од резиденцијален кварт во Квебек.

Портпаролот на полицијата Франсоа Бушар изјави дека загинаа сите седум патници во авионот, што се урна на два километри од аеродромот и на 100-тина метри од една населена зграда, јавија американските медиуми.

Официјални лица изјавија дека нема да го објавуваат идентитетот на загинатите се додека за несреќата не бидат информирани нивните семејства. Пилотот на двомоторецот „Бичкрафт ерплејн“ пред несреќата се јавил во контролната кула заради проблеми на моторот. Авионот бил сопственост на компанијата „Аеропро“, која организира рекреативни и бизнис чартер летови.