Нетпрес, 05.07.2010

 

Турција повторно го затвора воздушниот простор за Израел, како резултат на нападот на хуманитарните бродови на Турција кои носеа помош за Газа на 31 мај, пренесуваат странските медиуми.

“Одлуката за затворање на воздушниот простор нема да се однесува на еден авион или два како што беше минатата недела, туку ќе биде забранет воздушниот сообраќај за сите израелски авиони“, соопшти министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу.