МРТ, 29.07.2010

 

Транспортен воен авион се урна на Аљаска за време на вежбовен лет, јавува Асошиејтед Прес. Во авионот патувале четири лица, но нивната судбина е неизвесна. Авионот од типот C-17 вршел вежбовен лет кога се урнал во близина на американската база „Елмендорф“, недалеку од градот Анкориџ. Очевидци за АП говорат дека виделе голема огнена топка и голем облак од чад што се издигнал по падот на авионот.