МИА, 09.07.2010

 

Виена, 9 јули 2010 (МИА) – Во Виена слетаа два авиона, американски и руски, во кои се наоѓаат депортираните од САД десет руски агенти и четворицата западни шпиони ослободени во Русија,

Во согласност со постигнатиот договор меѓу двете земји, во австриската престолнина ќе се изврши размена на десетте граѓани, протерани од САД, за четирите лица, претходно осудени во Русија. Според дел од западните медиуми, авионот на „Вижн ерлајнс“ слетал во Виена во 9.15 часот по Гринич и запрел до авион, означен со руско знаме.

Меѓу двата авиони имало подвижни скали, но не се гледале патници. Некои од руските агенти беа покажани синоќа како се качуваат на американскиот авион на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк.

Министерствата за надворешни и за внатрешни работи на Австрија не можеа ниту да потврдат, ниту да демантираат каква и да било информација. нд/13:09