Нетпрес, 21.07.2010

 

Во Франција се очекува откажување на голем број летови поради штрајк на контролорите на летање. Француската служба за цивилно воздухопловство соопштила дека поради штрајкот на контролорите на летање денес се очекува голем број на летови.

Властите ги повикале авиопревозниците за 20 отсто да го намалат бројот на летови на аеродромот “Шарл де Гол“ во Париз и за речиси 50 отсто од помалото воздушно пристаниште “Орли“ јавува АП.